СВЕТ

Руте: НАТО ќе го зајакне своето воено присуство во Балтичкото Море

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска изјави дека Алијансата ќе го зајакне своето воено присуство во Балтичкото Море, откако Финска зароби танкер поврзан со Русија поради можноста дека бил користен за саботажа.

Advertisements

Руте, во објава на мрежата Х, рече дека разговарал со финскиот претседател Александар Стуб и изразил солидарност со таа земја во тековната истрага за саботажата.

„НАТО ќе го зајакне своето воено присуство во Балтичкото Море“, рече Руте.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button