СВЕТ

Руте: Ситуацијата во Грузија е загрижувачка

Шефот на НАТО, Марк Руте, ја опиша како „длабоко загрижувачка“ ситуацијата во Грузија каде што десетици луѓе беа повредени во деновите на антивладините протести на прозападните демонстранти.

„Извештаите за насилство се длабоко загрижувачки и јас недвосмислено ги осудувам“, рече Руте на прес-конференција.

Тој додаде дека сојузниците во НАТО „ја повикуваат грузиската влада да остане на патот“ кон „поголема интеграција во ЕУ и НАТО“.

Грузиската претседателка Саломе Зурабишвили синоќа изјави дека целата земја е во „бунт“ откако полицијата четврта ноќ по ред ги тепаше и насилно ги растера демонстрантите во главниот град Тбилиси кои протестираа против плановите на владата да ги прекине преговорите за пристап во ЕУ до 2028 година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button