ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ружин: Изјавите на Захариева, предизборен маркетинг

Политички изјави поврзани со македонско – бугарските односи може да го нарушат преговарачкиот процес, е ставот на македонската Влада. Ова е реакцијата по изјавата на шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева за признавање на бугарски корени на македонскиот јазик и идентитет, како услов Софија да не го блокира евроинтегративниот процес на државата. Од Владата го повторија ставот дека нема потреба од анекс или потпишување нов договор за добрососедство со Бугарија, туку во рамки на постојниот се подготвени да прифатат појаснување на одредени загрижености коишто постојат во Софија. Целта е  до крајот на годината Македонија да ги почне преговорите за членство со Европската Унија.

Advertisements

ВЛАДА НА МАКЕДОНИЈА:

„Македонскиот јазик и македонскиот идентитет се факти потврдени од Обединетите Нации и за ова не смее да постои дилема. Владата на Република Северна Македонија е за дијалог којшто ќе доведе до решенија на отворените прашања. Сметаме дека во оваа фаза, со давање политички изјави, не треба да се нарушува процесот на разговори којшто се води меѓу двете министерства за надворешни работи.“

Универзитетскиот професор и поранешен амабасадор, Нано Ружин оценува дека „заканите“ кои доаѓаат од бугарска страна се користат за внатрешно – политички потреби. Тој е оптимист дека со успешна дипломатија ќе се најде соодветно решение, а сликата како што вели ќе биде појасна по 10 ноември – кога треба да се одржи Берлинскиот процес на кој копретседавачи се Македонија и Бугарија.

Сите оние национални партии, сите оние што имаат некои партикуларистички и екстремистички барања, се пронаоѓаат во ова барање, значи може да го третираме повеќе и како еден вид предизборен маркетинг, иако навлегува длабоко во македонските и бугарските структури и истории и итн. Ние учевме една историја тие учеле друга, така што можеби со една комбинаторика, меѓу политичари и историчари кои се со европска ориентација може да се реши прашањето“-изјави Нано Ружин, поранешен амбасадор.

На „условите“ испорачани од министерката Захариева реакции стигнаа и од странски политиколози, оценувајќи ги како апсурдни и неевропски.

Замислете Германија да инсистира дека Австрија треба да признае германските корени, заканувајќи се со тензии ако не го направи тоа. Замислете Шведска да ѝ го прави тоа на Норвешка. Чесите ова да им го кажат на Словаците. Апсурдно? Да! Тоа е она што го прави Бугарија, уривајќи го кредибилитетот на политиките на ЕУ за Балканот“-рече Гералд Кнаус, Европската иницијатива за стабилност.

На ставовите на Заахриева вчера реагираше и опозицискиот лидер Христијан Мицкоски кој ја обвини власта дека не презема ништо во одбрана на македонскиот идентитет. Захариева вчера во интервју за „Ројтерс“ јавно порача дека главен проблем за Бугарија е македонското малцинство и дека единствено решение би било признавање на бугарските корени.

АЛСАТ

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button