ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Сѐ помалку земјоделци произведуваат храна

Многу од локалните производители на храна во Охридскиот регион прекинаа со своето производство, поради товарот од енергетската и економска криза. Секоја година понудата на месо, млечни производи и зеленчук е сѐ помала на пазарот, велат угостителите.

Advertisements

„За неколку години ние ќе немаме патлиџан и пиперка од кого да купиме. Сирење ќе нема. Последната година голем проблем е што го нема и овчото сирење. Не што цената висока, не можеш да го набавиш го нема. Генерално се должи на состојбата во државата. Младите заминуваат надвор. Сѐ помалку има луѓе кои останале да произведуваат. Почнувајки од зеленчуци, млеко и млечни производи, што ни се основа да работиме“, вели Насто Богоески, сопственик на ресторан.

„Субвенциите не помагаат.Треба луѓе и работници, а штом нема луѓе и работници, се е завршено“, додава Григор Костески, производител на козјо сирење.

Експертите сметаат дека потребни се итни мерки за спас на она што може да се спаси.

„Ова е последниот момент кога треба да седниме и сите заедно да разговараме на оваа тема. Многу ги имаат затворено своите бизниси. Немаме производители на сирење, на млечни производители. Двајца или тројца и мислам дека веќе ќе замре производството на сирење и ќе купуваме сирење кое не е сирење, кое нема протеини и животински масти. И на тој начин сме пред една сериозна ситуација“, рече Ангела Пасквал, професорка на факултет за туризам.

Настанот „Купувај локално“, кој денес се одржа во Охрид, имаше за цел на едно место да ги собере локалните производители на храна, од кои во регионот се останати само уште шеесеттина,угостителите и бизнис секторот со цел нивно вмрежување и помагање во овие тешки и кризни времиња.Инаку во моментот Македонија увезува дури 70% од потребите за храна.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button