
Иако порано секојдневната и празничната облека се правеше со национални мотиви, ваквата традиција сега се поретко се прави.
Самет Зибери е последниот мајстор за шиење национални носии, дури и во цела Западна Македонија. Тој често шие за театрите во земјата, како и за ансамблот, но од неодамна вели дека има се помалку барања, што го прави овој занает непрофитабилен.
„Работевме за ансамблот, работев со театрите во земјата, тетовскиот, гостиварскиот, имав работа и за Скопје. Во моментов не може да се живее со овој занает, бидејќи интересот не е голем“, рече Самет Зибери Шивач.
Зибери вели дека облеката е направена од преработена волна, но тоа е многу тешко да се најде, бидејќи повеќе нема луѓе кои ја преработуваат.
„Овој материјал што го гледате е волнен, но фабрички производ, додека овој другиот е стар материјал. Сега бараат повеќе фабричкиот бидејќи е полесен. Стариот материјал е премногу тежок за наоѓање. Само кому му останал, ние го бараме насекаде во селата на планините, бидејќи веќе нема кој да го произведува овој материјал“, нагласи Самет Зибери Шивач.
Иако Самет Зибери е пред пензионирање, главниот проблем е недостатокот на наследник на занаетот, бидејќи интересот на младите е нула.
„Во Полог, Тетово, Гостивар, Кичево и цела западна Македонија, јас сум единствениот, но и последниот што ја работи оваа професија. Всушност, овој бизнис е на работ на исчезнување. Јас продолжив со ова да не останеме без национална носија бидејќи немаше никој друг во Македонија. Сакав да го обновам оовој занает, но кој ќе го продолжи?„, додаде Самет Зибери Шивач./Алсат.мк
Башким Сулејмани