ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сѐ уште нема решение за државјанството на Фидрије Далипи

Фидрије Далипи сѐ уште чека одговор за државјанство иако од 2008 мата е венчана со кумановецот Ислам Далипи. Првото барање за државјанство го поднела во 2011 година и досега била четири пати одбивана. Нејзиниот сопруг Далипи вели дека МВР не одговорила на последната апликација што ја поднел во јануари 2021 година. Од МВР велат дека државјанството и одбиено согласно член 7 од Законот за државјанство, иако таа аплицира според член 9, односно за државјанство по венчавка.

Advertisements

„Бев во канцелариите на МВР, прв пат отидов на 15 март 2018 година каде се сретнав со Агим Нухиу, тогашен заменик министер за внатрешни работи, кој ми вети дека оваа работа ќе биде завршена, но оттогаш имам две одбиени решенија од МВР, … Сега последен пат сме во комуникација со Назим Буши, со кој се сретнав и во канцелариите на МВР… Имам случај каде по пријавата решението ми беше донесено по две и пол години, тоа се одолговлекувања и долги одложувања“, вели Ислам.

И поранешниот заменик министер за внатрешни работи Агим Нухиу и актуелниот заменик министер Назим Буши ја обвинуваат Агенцијата за национална безбедност.

„АНБ треба да биде поактивна и да одлучува во законските рокови и критериуми за секое барање. И денеска прашањата за државјанството не се заглавени во МВР, туку во АНБ, вели Нухиу.

„Покрај тоа што странката ќе треба да обезбеди докази за постапката, докази МВР обезбедува и официјално од други институции, како што е мислењето од АНБ врз основа на Законот за државјанство на РСМ“, рече Буши.

Во август минатата година Собранието донесе нов Закон за државјанство, според кој процедурите за добивање државјанство би биле поедноставни и без одолговлекување во институциите. Шест месеци по донесувањето на законот, МВР соопштува дека во процедура има околу 1700 барања за државјанство.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button