
Претставникот на САД во Обединетите нации му порача на Советот за безбедност на ОН на 29 мај дека договорот што сега се нуди за завршување на војната во Украина е најдобриот можен исход за Русија и дека претседателот Владимир Путин треба да го прифати.
Продолжувањето на војната не е во ничиј интерес, изјави Џон Кели, вршител на должноста заменик-претставник на САД во ОН, предупредувајќи дека САД би можеле „да размислат за повлекување“ од своите преговарачки напори ако Русија „донесе погрешна одлука да ја продолжи оваа катастрофална војна“.
Кели додаде дека дополнителните санкции против Русија се уште се на маса.
Кремљ претходно, на 29 мај, објави дека чека одговор од Киев на неговиот предлог за нови разговори во Истанбул на 2 јуни.
„Колку што ми е познато, сè уште не е добиен никаков одговор… Мораме да почекаме одговор од украинската страна“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.