ВЕСТИСВЕТ

САД бараат поддршка од СБ на ОН за планот што го објави Бајден за ставање крај на војната во Газа

Соединетите Американски Држави (САД) побaраа од Советот за безбедност (СБ) на Обединетите нации (ОН) да го поддржат планот од три фази што го објави претседателот Џо Бајден, а чија цел е ставање крај на речиси осумесечната војна меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа.

Американската амбасадорка во Обединетите нации, Линда Томас-Гринфилд изјави дека САД доставиле нацрт-резолуција до останатите 14 земји членки на Советот, барајќи поддршка за ставање крај на конфликтот, пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ).

Планот што го објави Бајден, меѓу другото, вклучува и целосен прекин на огнот, повлекување на израелските сили од населените места во Газа, испорака на хуманитарна помош и ослободување на заложниците од страна на Хамас.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button