ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

САД бараат уставни измени, а ЕУ навива за редовни избори во 2024

Безбедноста во Европа, конкурентноста на економиите, енергетската транзиција, но и владеењето на правото се приоритетите на шведското европретседателство до јуни годинава. Амбасадорката на Шведска во земјава, Ларсон Јаин, пред Националниот совет за евроинтеграции истакна дека проширувањето на Унијата нема да биде изоставено, но побара реформи.

Advertisements

„Реформите во владеењето на правото, фундаменталните права и судскиот систем, како и силната заложба за борба против организираниот криминал и корупцијата, претставуваат клуч за одење напред кон европската интеграција“, рече Ами Ларсон Јаин – амбасадор на Шведска.

Евроамбасадорот Дејвид Гир порача реформскиот процес да стане национален проект и во него да се вклучат сите институции и политички партии.

„Времето отсега до изборите во 2024 година треба да се искористи токму за тоа, да се турнат напред оние толку потребни реформи за кои сите знаеме кои се и што е потребно да се направи“, рече Гир.

Претставниците на власта и опозицијата пак, продолжија во меѓусебно убедување околу уставните измени, кои ако не се изгласаат го попречуваат отворањето на преговарачките кластери.

„Имаме доволно време и простор успешно да ги завршиме уставните измени, за задржување на динамиката на процесот на преговори и избегнување ново вето, овој пат од нас самите, повторно чекање и ставање на државата во ќорсокак и неизвесност“, вели Маричиќ.

„Мислам дека треба да биде испочитувано и мислењето на мнозинство, пред сè од македонскиот народ затоа што прашањата коишто се поврзани со Бугарија го задираат директно делот на самоопределување на македонскиот народ каде што точно има работи кои што народот едноставно мисли дека не треба да бидат прифатени“, рече Александар Николовски – ВМРО-ДПМНЕ.

Денеска амбасадорката на САД, Анџела Агелер, одговарајќи на новинарско прашање кажа дека избраните функционери треба да постапуваат во интерес на своите граѓани и да ги направат уставните измени што ќе овозможат поскоро придвижување на европскиот пат.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button