СВЕТ

САД ги предупредиле руските власти за можен терористички напад

САД ги предупредиле руските власти за можен терористички напад

Соединетите Американски Држави соопштија дека „сликите од нападот на концертната сала во Москва се ужасни и едноставно тешки за гледање“. „Нашите мисли несомнено се со жртвите на овој страшен напад“, се вели во соопштението на Белата куќа. Вашингтон потврди дека на почетокот на март ги предупредиле руските власти за можен терористички напад, за кој како цели би се избрале големи собири во Москва.

„На почетокот од овој месец, американската влада имаше информации за планиран терористички напад во Москва – кој може да има за цел големи собири, вклучително и концерти“, се вели во соопштението на Советот за национална безбедност на САД. Вашингтон „ја сподели оваа информација со руските власти“, но Кремљ ги отфрли овие американски предупредувања, нарекувајќи ги пропаганда“, објаснуваат од Советот за национална безбедност.

Европската унија го осуди нападот врз цивили во Москва, велејќи дека е „потресена од известувањата на медиумите за нападот на концертната сала“. „Нашите мисли се со сите засегнати руски граѓани“, изјави портпаролот на ЕУ Петер Стано. Премиерката на Италија, Џорџиа Мелони, рече дека нејзината влада го осудува „овој гнасен чин на тероризам“. „Ужасот од масакрот на невините цивили во Москва е неприфатлив“, рече Мелони. Според Министерството за надворешни работи на Франција, глетките од Москва се „страшни“ и грозоморни.

Министерството за надворешни работи на Германија бара разјаснување на позадината на овој сериозен напад.
„Нашето најдлабоко сочувство оди до семејствата на жртвите“, се вели во реакцијата на официјален Берлин.
Украина, која две години се бори против руската окупација, негираше каква било улога во нападот во Москва.
Советникот на претседателот Володимир Зеленски рече дека „ сè во оваа војна ќе се решава само на бојното поле. Само по количина на оружје и квалитетни воени одлуки. Терористичките напади не решаваат никакви проблеми“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button