СВЕТ

САД ги укинаа санкциите против „Северен поток 2 АГ“

Одлуката на САД да не воведуваат санкции за операторот на проектот „Северен поток 2“ ги зголемува шансите да се забрза изградбата на гасоводот и неговото пуштање во употреба, изјави Дмитриј Мариченко, директор на групата за природни ресурси и суровини во меѓународната агенција за рејтинг „Фич“.

Advertisements

Американскиот претседател Џо Бајден ги укина санкциите за компанијата која го гради гасоводот што ќе ги поврзе Германија и Русија, како и против извршниот шеф на фирмата која стои зад проектот, кој е соработник на Владимир Путин.

Во извештајот на Стејт департментот се вели дека компанијата „Северен поток 2 АГ“ и нејзиниот шеф Матијас Варниг, кој е поранешен источногермански разузнувач, се вклучени во спорни активности, но во интерес на САД било санкциите да се тргнат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button