СПОРТФУДБАЛ

САД ги заврши настапите во групната фаза на Копа Америка

Домаќинот на 48. издание на Копа Америка испадна уште во групната фаза! САД беа поразени од Уругвај со 0-1 (0-0) во последното коло од групата Ц, со што го освоија третото место и го завршија натпреварувањето.

Американците втор пат се организатори на Копа Америка, и се надеваа дека можеби ќе поминат подобро отколку во 2016 година кога беа четврти, но целосно разочараа против Панама и не успеаја да го надоместат тој пораз против Уругвај, кој воопшто не мислеше да калкулира и да му даде „попуст“ на домаќинот.

Уругвај беше подобриот противник, имаше неколку неискористени шанси, но резервистот Матиас Оливера на стартот од второто полувреме ја погоди целта и на четата на Биелса ѝ донесе нова победа. Во последните 20 минути домаќинот играше за сè или ништо. Лобот на Пулишиќ беше недоволно прецизен, додека Серџент беше блокиран во идеална позиција.

И ремито ништо нема да им значеше на Американците, бидејќи Панама ја победи Боливија со 3-1 и како второпласирана се пласираше во четвртфиналето.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button