ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

САД најавуваат ангажман за деблокада на македонско-бугарскиот спор

Соединетите Држави ќе помагаат во процесот на деблокирање на ќорсокакот меѓу Скопје и Софија, што ја блокира интеграцијата на С. Македонија во Европската Унија, но не преку директно вклучување. Американската амбасадорка вели дека САД прават сè што е можно за да го придвижат процесот напред.

Advertisements

„Иднината на Северна Македонија ја гледаме во ЕУ и ја потврдуваме важноста од решавањето на прашањата. Се надеваме дека ќе продолжи до крајот на годината. Продолжуваме со разговорите со сите партнери. Разговараме со владата во Скопје, разговори има со соседните земји и низ цела Европа и сега правиме сè што е можно за да го придвижиме процесот напред. Немам конкретна најава во моментов, освен да кажам дека САД ќе се вклучат во ова прашање и во разговорите, бидејќи сите имаме иста визија, Северна Македонија да го заземе своето заслужено место во ЕУ“, рече Кејт Мери Брнс, Амбасадорка на САД во Скопје.

Во меѓувреме, вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров оцени дека нема атмосфера за вистински дијалог меѓу Скопје и Софија и ја обвини Бугарија дека го прекршила Договорот за добрососедство. Според Димитров, убавина со сила не бива.

Од друга страна, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска рече дека ако зборот „бугарски“ пред „фашистички окупатор“ биде отстранет од историските книги, кога ќе се промени актуелната власт, тогаш текстовите ќе бидат вратени во претходната состојба.

Споровите меѓу Скопје и Софија ќе бидат разгледани и следната недела кога претседателката на Европската Комисија, Урсула Вон Дер Лајен, ќе пристигне во посета на Скопје.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button