ВЕСТИСВЕТ

САД оддаваат почит на половина милион починати од корона

САД оддадоа почит на повеќе од 500.000 смртни случаи од ковид-19, а американскиот претседател Џо Бајден повика на единство во борбата против пандемијата и нареди знамињата низ целата земја да се спуштат на половина копје до петок, пренесува Ројтерс.

Церемонијата е спроведена со 500 запалени свеќи на скалите на Белата куќа, а на неа присуствувале претседателот Џо Бајден, првата дама Џил Бајден, потпретседателката Камала Харис и нејзиниот сопруг Даг Елмхоф. Ѕвоната на Националната катедрала во Вашингтон симболично заѕвониле 500 пати.

Претседателот Бајден ѝ се обрати на нацијата по повод трагичниот број на жртви и повика на уште поголемо единство во борбата против пандемијата.

Според Ројтерс, Соединетите држави пријавиле повеќе од 28 милиони случаи на Ковид-19 и 500.264 смртни случаи.

“Поминуваме полошо од која било друга земја, а многу сме развиени и богати. Имаме 500 000 жртви. Тоа е неверојатна бројка”, изјави водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи за телевизиската мрежа АВС.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button