СВЕТ

САД подготвуваат тужба против „ТикТок“ поради нарушување на приватноста на децата

САД подготвуваат тужба против „ТикТок“ поради нарушување на приватноста на децата

Американското Министерство за правда планира да ја фокусира претстојната тужба против „Тик-Ток“ на наводите дека популарната платформа за социјални медиуми ги прекршила правата на приватност на децата, наместо на наводите дека ги заведува возрасните корисници за нејзините практики за приватност на податоците, според извор запознаен со ова прашање.

Американската Федерална трговска комисија (FTC) истражуваше потенцијални прекршувања на тоа право од страна на „Тик-ток“ и нејзината матична компанија „Бајт денс“ и во вторникот го упати случајот до Министерството за правда.

„Истрагата откри причина да се верува дека именуваните обвинети го прекршуваат или ќе го прекршат законот и дека постапката е во јавен интерес“, се вели во соопштение на ФТЦ.

Во 2020 година, Ројтерс првпат објави дека ФТЦ и американското Министерство за правда ги истражуваат наводите дека популарната апликација не успеала да го исполни договорот од 2019 година, чија цел е заштита на приватноста на децата.

Истрагата е одвоена од тековната загриженост во Конгресот дека кинеската влада можеби неправилно пристапила до податоците на 170 милиони американски корисници на „Тик-ток“, што платформата го негира.

„Тик-ток“ го оспорува законот усвоен во април со кој се бара од нејзината кинеска матична компанија да се ослободи од американските средства  до 19 јануари или ќе се соочи со забрана.

ByteDance во четвртокот рече дека без судска интервенција, забраната би била неизбежна и дека отстранувањето „не е технолошки, комерцијално или правно можно“.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button