СВЕТ

САД предупредија за нов компјутерски напад поврзан со Кина

Американската влада предупредува на нов голем компјутерски напад врз серверите на Мајкрософт, поврзан со Кина. Американската Агенција за компјутерска и инфраструктурна безбедност денеска издаде итно предупредување, повикувајќи ги компаниите и владините агенции итно да го апдејтираат критичниот софтвер.

Advertisements

Предупредувањето дојде неколку часа откако портпаролката на Белата куќа Џен Пскаки оцени дека има „активна закана“ од хакерски напад.

„Сите што работат со овие сервери, владата, приватниот сектор, академијата, треба да реагираат сега да ги закрпат“, рече таа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button