СВЕТ
САД размислуваат за санкции против белоруски државни компании

Соединетите држави решија да ја казнат Белорусија по апсењето на новинарот кој беше критичар на власта. По принудното слетување на патнички авион во белоруската престолнина Минск, американската влада соопшти дека следната недела ќе ги врати санкциите против девет белоруски државни претпријатија. Сепак, сè уште не е објавено кои компании ќе бидат погодени од мерките кои се најавуваат да се спроведуваат од среда. Од друга страна, се дознава дека се подготвуваат мерки и против главните поддржувачи на Лукашенко, кој е обвинет за кршење на човековите права, корупција и манипулација со изборите во 2020 година.