САД разочарани што Македонија повторно не почна преговори за членство со ЕУ

Американската амбасадорка Кејт Мари Брнс смета дека Македонија е подготвена да ги започне преговорите за членство во ЕУ, нагласувајќи дека Вашингтон ќе продолжи со дипломатскиот ангажман за постигнување на таа цел. Брнс денеска наведе дека е разочарување тоа што Македонија не доби датум за почеток на преговорите. Во однос на црниот список за влез во САД, таа не даде детали дали списокот е ажуриран за земјава по изјавите на претседателот Џо Бајден дека секој што ги попречува меѓународните договори и е вмешан во корумпирани афери ќе биде ставен во оваа листа.
„Во моментов нема што да се изјави. Тоа беше ажурирање на потпишан указ во 2003 година кој ги одразува стратешките предизвици со кои се соочуваме низ целиот свет и на Западен Балкан, но нема специфични изјави надвор од тоа.“