ВЕСТИ

САД со порака: Ние не можеме да апсиме наместо вас

САД нема да апсат никого од црната листа, но домашните институции треба да преземат акција против корупцијата. Ова беше пораката на американската амбасадорка во Скопје, Ангела Прајс Агелер, еден ден откако Министерството за финансии на САД, го стави бизнисменот Јордан Орце Камчев на црната листа. Агелер беше јасна и директна кон органите за спроведување на законот: корупцијата не смее да не се истражува и казнува.

Advertisements

„Граѓаните заслужуваат институции кои ги следат демократските вредности, со транспарентност и без компромис. За Северна Македонија да успее на својот пат и да ја постигне целта за просперитет и членство во ЕУ, корупцијата не може да не се истражи врз основа на оваа демонстрација што произлегува од одлуката на АСД. Кршењето на законот, перењето пари, поткупот и се друго што Јордан Орце Камчев, го направи не само што ја поткопа довербата на јавноста во правосудните институции, туку и ги вознемири граѓаните на оваа земја, рече амбасадорката Агелер.

Запрашана за неактивноста на институциите во случајот со градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, кој исто така беше ставен на црната листа заедно со неговото семејство, Агелер рече дека домашните институции не можат да очекуваат САД да уапсат некого, или да истражат некого во Северна Македонија. Во однос на мерките на ДУИ против Мерко, Агелер рече дека очекува интересни случувања алудирајќи на одлуките на институциите за спроведување на законот кои се очекува да бидат преземени во иднина.

„Работиме со институциите овде за ваквите случаи да се оформуваат и развиваат. И ако некогаш одлучат да преземат чекори, тоа зависи од властите тука. Овие луѓе ги повредиле граѓаните на оваа земја. Коруптивните активности им наштетуваат на луѓето во оваа земја. Моја желба е вие и новинарите од Америка зошто да не, да ги следите овие случаи и да поставувате тешки прашања на оние што се на власт тука. Нема да дојдеме и да уапсиме никого во Северна Македонија или да отвориме нелегален случај. Но, се чини дека станува интересно во однос на тоа какви чекори ќе преземат домашните власти“, додаде Агелер.

Агелер потсети дека специјалниот антикорупциски тим не ја заврши мисијата во Северна Македонија. Според неа, во зависност од потребата и оценката на американската администрација, тимот ќе го посети Скопје, и ќе собере доволно материјални докази потребни за Вашингтон да преземе конкретни чекори.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button