СВЕТ
САД со предупредување до Турција откако војската тестираше руски антиракетен систем

Соединетите држави го предупредија сојузникот во НАТО, Турција, дека може да се соочат со „сериозни последици“ откако турската војска тестираше ракетен одбранбен систем С-400 од руско производство. Министерството за одбрана на САД „најостро го осудува турскиот тест на системот за противвоздушна одбрана С-400 “, рече портпаролот на Пентагон Џонатан Хофман. „Ние се спротивставуваме на тестирањето на овој систем од страна на Турција, што може да предизвика сериозни последици врз нашите безбедносни односи“, рече Хофман. Во Истанбул, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган потврди дека тестовите биле извршени и дека ќе продолжат. „Нема да бараме дозвола од Америка“, изјави Ердоган пред новинарите.