ЕКОНОМИЈА

Саем и лидерски самит на Отворен Балкан во Белград

Три документи – за соработка во областа на храната, кинематографијата и цивилната заштита, ќе бидат потпишани на претстојниот лидерски самит во Белград кој, како политички дел, ќе се одржи во рамки саемот „Винската Визија на Отворен Балкан“.

На самитот ќе учествуваат српскиот претседател Александар Вучиќ, претседателот на Владата на Северна Македонија Димитар Ковачевски и албанскиот премиер Еди Рама.

Како што соопшти денеска владиниот портпарол Душко Арсовски, за сите три документи на вчерашната владина седница беа усвоени извештаи за завршени преговори и утврдени беа текстови кои ќе бидат финиширани за време на посетата на македонската делегација во Белград.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button