
Во Вејце на тетовската висорамнина, се одржа саем на компирот и гравот
Манифестација започна во раните утрински часови овде на ова место, каде што започна и подготовката, поточно варењето на главното јадење за кое дојдовме овде, компирот на Вејце. Компирот на Вејце заедно со качамакот се препознатливи.. Компирот и качакамот го подготвуваат двајца жители на Вејце.
„Компирот на Вејцее посебен затоа што има најдобра почва, го фаќа сонце и се пече на сонце, го правиме со ѓубриво. Годинава имавме берикет, задоволни сме што дивата свиња не направи голема штета и имаме берикет. Дивата свиња ни прави штети, се обидуваме да ја запреме, но сепак ни штети“, рече Авди Арифи- готвач на компири.
„Вака се прави качамакот. Земаме вода и ја вариме и кога ќе зоврие додаваме пченкарно брашно. Се крчка два часа, па се меша и се служи. Брашното е од нашата пченка. Се вари долго, па постои традиција повеќе да се вари на пареа отколку со вода“, нагласи Шабан Јашари, готвач на планински качамак.
Манифестацијата на денот на компирот и гравот создаде прекрасен панаѓур на производите од другите земјоделски култури од ова село.
„Денеска оваа манифестација ја организира земјоделската задруга за традиционално сточарство Шара Тетово, каде што ќе ги промовираме сите наши проекти што ги реализираме речиси две години. Денешната активност е поддржана од Министерството за земјоделство и е за Денот на гравот и Денот на компирот што ги имаме заедно со Центарот за едукација и развој“, изјави Шабан Јашари, готвач на планински качамак.
Помош за производителите на компир вети вториот човек од Министерството за земјоделство, Флакрон Беџети.
„Без дилема дека овој настан е и за промоција на некои средства што преку Министерството и ИПАРД програмата им беше дадена на жителите од овој крај во износ од 2,2 милиони денари. Нашата посета е и да им дадеме поддршка на жителите од овој крај да го стимулираат земјоделството„, нагласи Флакрон Беџети, заменик министер за земјоделство.
Оваа манифестација беше збогатена и со песна и игра на некои Културно-уметнички друштва./Алсат.мк
Башким Сулејмани