ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Саем за кариера на Универзитетот на Југоисточна Европа

Над 50 домашни компании отворија свои штандови во рамките на саемот на кариерата на Универзитетот на Југоисточна Европа, со цел да ги презентираат своите понуди. Ректорот Абдулменаф Беџети наведе дека секогаш ја следат побарувачката на пазарот на трудот и се отвораат насоки кои се најбарани во моментот. На тој начин се вработуваат околу 80 отсто од студентите кои дипломираат на овој Универзитет.

Advertisements

„Порано беше атрактивно да се работи во Министерството за финансии, во банки, во елитни сектори каде платите се високи, но денес тоа веќе не е така. Сега се претпочитаат компании. Денес имаме компании кои работат на технолошкиот пазар и нивната најголема предност е наоѓање и откривање на најнапредните профили за да се вработат. Ние како универзитет се водиме по ова. Центарот за кариера постојано се труди да биде интерактивен, не само со посредување, туку и со идентификација. Најелитните компании бараат листи со најдобрите студенти, не е важно од кој профил, иако знаеме дека информатиката носи 90 проценти вработување. Неслучајно, УЈИЕ оди во насока на она што сè повеќе го бара пазарот на трудот, па во последните години имаме нови понуди, како што се техничките“, рече Беџети.

Универзитетот на Југоисточна Европа секоја година организира саем за кариера преку кој компаниите и студентите се запознаваат со побарувачката на пазарот на трудот, додека универзитетот добива повеќе податоци за потребните профили.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button