Сајкоски: На Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ ќе се донесе и доктрина за идни делувања на партијата

На денешниот редовен 17-ти Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, покрај изборот на претседател на партијата, ќе се донесе и доктрина која ќе биде платформа за идните делувања на партијата. Првата тема во оваа доктрина е како да останат граѓаните во државата, а има теми и од областа на образованието и енергетиката, изјави денеска пред почетокот на Конгресот, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски.
На Конгресот ќе учествуваат вкупно 517 делегати, а како што рече Сајкоски, доставена е една кандидатура за претседател, и тоа од страна на Христијан Мицкоски, кој и досега беше на таа функција.
-Покрај изборот на претседател на партијата, Конгресот ќе донесе и документ, акт, политички документ или доктрина која ќе биде платформа за идни делувања на ВМРО-ДПМНЕ. По изборот на претседател, на Конгресот ќе биде избран и статутар на Комисија и Комисија за надзор и финансиско работење на ВМРО-ДПМНЕ, рече генералниот секретар на партијата.
Тој посочи дека во партијата се уверени оти од овој Конгрес ќе излезат уште пообединети, уште посилни и ќе донесат нови победи на ВМРО-ДПМНЕ и на Македонија.