СПОРТФУДБАЛ

Салах се врати во Ливерпул заедно со клупските лекари

Мохамед Салах ќе се врати во Ливерпул заедно со клупските лекари и нема да и помогне на својата репрезентација во следните натпревари на Африканскиот куп на нации. Салах, на натпреварот од второто коло во Б групата, против Гана ја повреди тетивата и мораше да го напушти теренот.

Advertisements

Лекарите од Ливерпул моментално се упатија кон Брегот на Слоновата коска, а откако го прегледеаа напаѓачот, во договор со египетската репрезентација решија тој да се врати во Ливерпул.

„Доколку се опорави до финалето, а Египет е во борба за трофејот, ќе му биде дозволено да лета таму и да игра“, изјави Јирген Клоп по натпреварот Борнмут-Ливерпул.

Инаку Египет се наоѓа во тешка ситуација, со само два бода во првите две кола. За да го обезбеди првото место во групата, ќе мора да ја победи селекцијата на Зеленортските острови, која со две победи веќе го обезбеди првото место во групата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button