ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Салаи: Државата да покрене постапки против сите лица за кои се шпекулира дека се корумпирани

Салаи: Државата да покрене постапки против сите лица за кои се шпекулира дека се корумпирани

Поранешниот член на Комисијата за спречување на корупцијата, Шемси Салаи во интервју за Алсат зборувајќи за Црната листа на САД во која се вклучени поранешниот вицепремиер Артан Груби и судијата Енвер Беџети вели дека има коруптивни елементи и дека ова е порака за државата да покрене постапки против сите лица за кои се шпекулира дека се корумпирани и кои партиски или со поткуп го опструираат судството. Салаи рече дека во претходниот состав на Антикорупциска имало предмети против поранешниот вицепремиер Артан Груби и дека истото било испратено до Обвинителството.

Advertisements

„Се работи за луѓе кои биле на високи функции, за кои се шпекулираше дека се корумпирани, дека примаат мито, преку нив државата е заробена и тие имаат влијание во судството и токму тука сакам да нагласам. За овие случаи се шпекулирало дека има корупција, независно од тоа што не биле на црната листа. 26:16 Имавме случаи во претходниот состав, сега не знам каква е состојбата, за овие лица имавме постапки за кои побаравме ревизија, инволвирани во корупција и во некои случаи, но врз основа на тие анализи кои ги направивме и нивото на она што беше, имаше случаи дека или фактите кои ги добивме се прикажани, немало такви елементи, или за она што го имало го испративме до Обвинителството и Обвинителството не продолжило понатаму“, рече Шемси Салаи, поранешен член на Комисијата за спречување на корупцијата.

Дали сте испратиле предмет за Груби во Обвинителството?

За Груби не се сеќавам дека испративме, но имавме случаи каде што ги разгледувавме, сега да не упаѓаме, но знам дека имаше иницијативи и од надвор и од внатре“, додаде тој./Алсат.мк

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button