ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Салата „Партизан“, еден од симболите на Чаир, пропаѓа

Салата „Партизан“, еден од симболите на Чаир, пропаѓа

Уништена и полна со смет, како филмска сцена од хорор филм.

Advertisements

Ова е состојбата на салата „Партизан“, иконата на Чаир, која по пожарот во 2011 година е оставена на милост и немилост на судбината и времето, иако дотогаш функционираше во скромни услови. За обновување на овој објект, изграден уште од времето на поранешна Југославија, континуирано ветуваат сите локални власти. Сепак, денеска салата е претворена во депонија.

Се наоѓаме во салата Партизан на општина Чаир, како што можете да видите, сликите зборуваат сами за себе. Состојбата е катастрофална, додека граѓаните и младите од Чаир со години чекаат да се среди.

Салата која требаше да им служи на младите од Чаир, денес стана дувло на бездомниците и локалните работници кои донеле нешто што изгледа како покуќнина. Во меѓувреме во зимскиот период се палат и огнови за загревање. Во иста состојба се и ходникот и помошните простории на салата, чии ѕидови се испукани и мирисаат на мувла.

Имаше повеќе иницијативи за реконструкција на салата. Првично од Град Скопје, но поради пандемијата на Ковид, средствата беа пренаменети.

Потоа имаше ветување дека „Партизан“ од Чаир паралелно со „Партизан“ од Карпош ќе ја гради Владата на чело со Димитар Ковачевски. Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби го посети објектот во Чаир и со помпезен видео спот најави реконструкција на оваа сала.

Првиот човек на општина Чаир, Висар Ганиу денеска појасни дека, сепак, Владата тогаш издвоила само една третина од парите и побарала со нив да се направи целиот проект.

„Со проектот што го направи Владата со Град Скопје се бараат над 1,2 милиони евра за реконструкција на спортската сала и тогаш го знаете помпозитетот, тука неколку пати доаѓаше поранешниот прв вицепремиер Артан Груби. Каде ние ја правиме реконструкцијата и така натаму. И на крајот испадна дека ни даваат 400 илјади евра и ни даваат наредба проектот целосно да се реализира и се подразбира дека една третина била од таа сума и доставивме писмо до владата кој го покрива проектот бидејќи е 1,2 милиони евра што вие го направивте, а не ние, а владата никогаш не ни враќала писмо, и така остана“, рече Висар Ганиу, градоначалник на општина Чаир.

Владата одвои 1,1 милион евра за Партизан од Карпош и ја пушти салата во употреба во декември 2023 година.

Ганиу појаснува дека владините 400.000 евра се уште се на располагање, а останатите 800.000 ќе бидат обезбедени од следните два буџети на општината, односно, конкретно, проектот ќе се реализира со сопствени ресурси. За ова, Советот на општината даде зелено светло, додека во јули беше објавен и јавниот повик за избор на оператор кој ќе треба да го реализира проектот.

„И во овој буџет и во следниот буџет целиот проект е претставен пред советниците и имаме одобрение како ќе се гради според фазите. Бидејќи ќе оди во неколку фази, може да оди побрзо во некои фази побавно. Но, според фазите, предвидуваме до крајот на 2025 или крајот на 2026 година спортската сала Партизан целосно да се реконструира“, додаде Висар Ганиу, градоначалник на општина Чаир./Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button