
Вечерва на Програмата 200 во Алсат М гостин беше Министерот за Здравство Беким Сали. Тема на разговор беа многу случувања, како што се бројните скандали во државните и приватните болници, но и последните случувања во неговата партија Алтернатива.
На прашањето на новинарката Семра Мусаи дали ќе поднесе оставка од министерската функција, тој рече дека именувањата и разрешувањата ги прави партиското собрание, а не поединци.
„Именувањата и разрешувањата ги направи централното собрание на партијата, а не одредени поединци кои поради неостварување на амбициите бараат разрешување на висок функционер“, рече Сали./Alsat.mk