МАКЕДОНИЈА

Сали: Нема да има предвремени парламентарни избори

И покрај упорното барање на опозицијата за предвремени парламентарни избори, генералниот секретар на Алтернатива и министер за здравство, Беким Сали, е дециден дека нема да има предвремени парламентарни избори, туку актуелната власт ќе се заложи за реализација на ветената програма пред граѓаните.

Advertisements

„Не верувам дека ќе има предвремени парламентарни избори, бидејќи власта има перспектива. Ние сме дел од ова мнозинство заради стабилизирање на работата на Владата. Но, знаете како е во политиката, никогаш не може нешто да се предвиди за пократок период, сѐ е со четиригодишен план, сега ни остануваат уште 2 и пол години да ја реализираме програмата што беше ветена пред јавноста. Алтернатива е политичка партија која може да влезе во секој изборен циклус, но овде треба да разговараме дали на населението му одговара секоја година да има избори, мислам дека не. Мислам дека сѐ уште не е максимално искористен капацитетот на Владата, затоа мислам дека треба да продолжиме до крајот на мандатот“, рече Сали.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button