ЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Сали: По увидот на ФЗОРМ ќе преземеме соодветни мерки доколку некој влијаел во формирање на платите во Клиниките

Ќе преземеме соодветни мерки, односно ќе ги разрешиме или казниме директорите доколку под нивно влијание се формирале платите, вели министерот за здравство Беким Сали во одговор на новинарско прашање.

Advertisements

За време на денешната посета на вакциналниот пункт во Амбулантата Пролет, тој појасни дека сè уште се чека Фонд за здравствено осигурување да направи увид и да го достави финалниот извештај, не само за Детската Клиника, туку и за четири други.

– Формирањето на плата на еден вработен врз основа на Колективниот договор е врз основа на повеќе индикатори. Дали е тоа пракса и во изминатиот период или само во делот на анализираниот период ќе го видиме со дополнителни анализи, додаде Сали.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button