

Алсат
06.09.2020 13:10
Лидерот на опозициската партија „Лига“, Матео Салвини, на „Форумот Чернобио“ рече дека Италија ризикува да умре во отсуство на јасни одлуки.
Според агенцијата „Аги“, Салвини изјавил дека се надева дека сегашната влада, која ја сочинуваат Демократската партија и Движењето пет Sвезди, нема да владее до крајот на неговиот мандат.
„Не можете да имате влада во која некои велат да, а други не, тие расправаат за сè, каде што има хаос околу сè. Италија е единствената земја во Европа која сè уште не е сигурна за почетокот на новата учебна година, таа не дава јасни одговори“, рече Салвини.