ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Самарас: Мицотакис да стави вето за Албанија и да подготви повлекување од Преспанскиот

Премиерот Киријакос Мицоракис веднаш да ја промени надворешната политика, порача поранешниот грчки премиер, Андонис Самарас.

Тој го повика Мицотакис да стави вето за Албанија, а преку експертска група да подготви повлекување од, како што вели, национално опасниот Договор од Преспа.

„Го повикувам премиерот веднаш да одлучи да ја промени надворешната политика што ја следи. Да стави вето за Албанија. Да подготви, преку создавање на силна правна и политичка група на експерти, повлекување од национално опасниот Договор од Преспа. Да стави, како Бугарија, вето на секој чекор на Скопје, чиј иредентизам мораме сега и насекаде да го пријавиме. Целосно да се ревидира пријателството со Турција, со што во пракса ќе стане јасно дека не може да не уценуваат, да ни се закануваат, не се плашиме, истакна поранешниот грчки премиер Андонис Самарас.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button