ВЕСТИРЕГИОН

Самит на Европската политичка заедница во Тирана

Денеска во Тирана ќе се одржи шестиот Собир на Европската политичка заедница под наслов „Нова Европа во новиот свет: единство – соработка – заедничко дејствување“, на кој ќе присуствува и македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

Advertisements

Клучна тема на Собирот, чии ко-домаќини се претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и албанскиот премиер Еди Рама, ќе биде сигурноста и споделената визија за иднината на Европа.

Се очекува водачите да дискутираат за безбедноста на Европа, вклучувајќи ја и поддршката за Украина, европската одбрана, заштитата на демократијата, како и подготвеноста и капацитетот за одговор на разни закани.

Дополнително на ова, на настанот ќе се организираат и три тркалезни маси на високо ниво со акцент на безбедноста и демократската отпорност на Европа, вклучувајќи ја и руската агресија врз Украина, потоа на унапредување на европската конкурентност и сигурност преку иновации и издржливост, како и на предизвиците во мобилноста и зајакнување на младите.

Во поканата упатена до европските водачи за учество на Собирот, Кошта и Рама истакнуваат дека Европа се наоѓа во важен историски момент, одбележан со повеќеслојни и комплексни предизвици.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button