РАКОМЕТСПОРТ

Само cо победа ќе го завериме пласманот на Европското Првенство 2024

Женската ракометна репрезентација на Македонија, денеска во Баку, со почеток од 15 часот игра квалификациски дуел против Азербејџан, со победа ќе го завериме пласманот на Европското Првенство 2024.

Advertisements

Македонските ракометарки денеска го играат претпоследниот квалификациски дуел за Европското Првенство кое годинава ќе се одржи во Австрија, Унгарија и Швајцарија.

Избраничките на селекторот Кристијан Грчевски со победа во Баку и пораз на Литванија од Шпанија (денеска 18 часот) ќе го заверат пласманот на Европското првенство. Тоа ќе биде седмо учество за Македонија на континенталните собири.

Македонија е сериозен фаворит во дуелот со Азербејџан и сѐ освен наша победа би било изненадување. Во првиот меч одигран во Скопје победивме со 40-17. Во последното коло, на 7. април од 18 часот ја пречекуваме Литванија во Скопје, влезот за тој натпревар е бесплатен.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button