ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Само двајца инспектори Албанци за образнование во Полошкиот регион

Иако е втор по големина регион после Скопје, Полог, кој има над 100 основни и средни училишта, седум детски градинки и три универзитети, каде наставата кај над 90 отсто од нив се одвива на албански јазик, просветниот инспекторат во овој регион има само двајца инспектори Албанци. Директорот на Државниот инспекторат за образование Халит Ферати вината ја префрла кај Министерството за финансии кое, според него, не дозволува нови вработувања.

Advertisements

„Ова е многу актуелна тема уште од моето доаѓање на чело на инспекторатот, но главниот проблем е актуелниот закон и немаме простор и можност да ангажираме нови кадри. Вториот проблем е и прашањето на Министерството за финансии, кое создава пречки за давање согласности. Имаме многу желба и треба да се зголеми бројот на инспектори Албанци во полошкиот регион и се трудам максимално бидејќи реалноста е дека има само двајца инспектори Албанци, додека во другите региони имаме недостиг од инспектори и поради таа законска пречка не можеме да најдеме кадар со инспекторска лиценца“, вели Ферати.

Јашар Касами, поранешен директор на просветниот инспекторат во Тетово, вели дека состојбата е полоша од пред 20 години, а сето тоа благодарение на незалагањето на албанската политика во оваа насока.

„Тешко е затоа што македонските инспектори имаат јазични бариери за да си ја вршат работата како што треба. Познато е дека во овие училишта во најголем дел наставата се изведува и се одржува педагошка евиденција на албански јазик, а овие инспектори поради јазичните бариери имаат потешкотии во извршувањето на работата. Реално, ова е негрижа на политичките фактори што ги имаме во раководството на извршната власт, но и на нашето министерство. Не дека не знаат, но мислат дека ова е малку работа“, вели Касами,

Недостигот од инспектори Албанци не е единствениот проблем што го има инспекторатот. На инспекторатот му недостигаат и возила за да излезат на терен. Додека не е инвестирано во канцеларии со образложение дека објектот во кој се наоѓа оваа Установа не е во сопственост на Државниот просветен инспекторат.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button