Само еден закон од петтиот сет економски мерки доставен до Собрание

Десет од вкупно 29 мерки опфатени во петтиот сет економски мерки ќе треба да бидат преточени во законски решенија и изгласани од пратениците за да бидат достапни на стопанството. Досега Владата до законодавниот дом испратила еден предлог закон за финансиска поддршка за исплата на плати за февруари и март како приоритетна мерка за компаниите. Мерката за отпис на каматите на граѓаните кон јавни претпријатија сеуште не е дефинирана.
„Законското решение за отпис на камати се прават сѐ уште консулатиции со сите нивоа со јавните комунални претпијатија, јавните претпријатија, единиците на локална самоуправа и органите на управа за да се најде најлесниот пристап тоа решени да биде оперативно, но и во промоцијата кажавме дека нашето очекување е оваа мерка да биде операционализирана некаде во март, април“, рече Фатмир Битиќи- Вицепремиер задолжен за економски прашања.
Законот за финансиска помош за исплата на плати се очекува да се најде на комисијата на финансирање и буџет следната недела велат до законодавниот дом. Битиќи е оптимист дека мерките ќе бидат навремено донесени од законодавниот дом, иако последниве недели Собранието мака мачи да обезбеди кворум поради отсуство на пратеници. Од друга страна синдикатите, стопанските комори, работодавачите со нетрпение чекаат старт на мерките, бидејќи секое доцнење се одразува негативно на економијата.
Андреа Чобанова