СВЕТ
Само седум земји во светот ги исполнуваат упатствата за квалитетот на воздухот на Светската здравствена организација

Само седум земји во светот минатата година ги исполнија упатствата за квалитетот на воздухот на Светската здравствена организација (СЗО) за присуство на токсични честички познати како PM2.5, покажуваат најновите анализи на швајцарската компанија IQAir.
Тоа значи дека во речиси секоја земја во светот воздухот е позагаден отколку што препорачуваат лекарите, пренесува Гардијан.
Австралија, Нов Зеланд, Естонија и Исланд, како и некои помали островски држави, се меѓу ретките земји каде што количината на ПМ2,5 честички не надминува 5 µg на кубен метар.