ВЕСТИЗДРАВСТВО

Само вчера трета доза примиле 4 720 граѓани

Само во текот на вчерашниот ден трета доза вакцина против ковид-19 примиле 4 720 граѓани што е повеќе од 45 отсто одвкупниот број лица кои досега добиле „бустер“ доза – 10 386.

Advertisements

Според податоците на Министерството за здравство, вчера се аплицирани и 638 дози како прва доза, а 1 472 граѓани се ревакцинирани. Заклучно со овие податоци, во земјава вкупно се вакцинирани 801 326 лица, а ревакцинирани се 769 356.

Изразено во проценти, опфатот со вакцинација барем со една доза на полнолетното население во државата е 57 отсто. Со две дози, пак, вакцинирани се 46 отсто од граѓаните над 18 години.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button