СПОРТФУДБАЛ

Само во Реал Мадрид: Во најдобра форма се, но за нив нема место во стартниот тим

Реал Мадрид ја победи Барселона со 3:2, а најдобри на теренот кај „кралевите“ беа Лука Модриќ и Лукас Васкез.

Advertisements

Васкез изнуди пенал, а потоа постигна гол и на крајот асистираше за победа, додека Модриќ беше диригент на средината од теренот во пеколните 90 минути од борбата.

Карло Анчелоти по натпреварот призна дека двајцата се во најдобра форма во тимот на Реал.

„Лукас Васкез и Лука Модриќ се во најдобра форма од сите наши играчи во моментов. Тие се многу корисни и ние сме среќни што ги имаме“, изјави Анчелоти.

Сепак, не се очекува ниту еден од двајцата да биде стартер во двомечот со Баерн. Поточно, Лукас Васкез мора да биде стартер на првиот меч бидејќи Дани Карвахал е суспендиран, додека за Модриќ нема место во клучните натпревари сезонава.

Самиот Анчелоти неодамна навести дека Модриќ го загубил местото како сигурен стартер, но дека е од големо значење во ротацијата.

„Лука е играч кој никогаш нема да прифати улога од клупата, но мора да прифати дека тимот е пред се. Тој сепак е наш многу важен член, кога и да игра, прави разлика“, изјави неодамна Анчелоти.

Извор: sportski.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button