ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Само во Скопје регистрирани се околу 600 бездомници

Само во Скопје регистрирани се околу 600 бездомници

Бројот на бездомници в Скопје варира од 300 до 600. Тие во зима и на ниските температури немаат постојано место за престој. Од оваа бројка, мнозинството се мажи, но има и жени и деца од различна возраст.

Advertisements

Најстарото лице кое побарало помош во прифатилиштето за бездомници во Момин Поток има 80 години, додека најмладото е бебе со неговата мајка.

„Бездомниците ги имаат истите барања како и ние, па треба да се бањаат во текот на неделата, да имаат чиста облека, топли оброци, лекови, а имало моменти кога не им треба храна колку што им треба засолниште и ова е најголемиот проблем, особено сега на температури под нулата“, рече Драгана Лазаревска – Координатор на прифатилиштето за бездомници.

Според Лазаревска, само на пунктот Момин Поток досега се пријавиле околу 160 лица, а во нашата земја подлабоко истражување би можело да го покаже точниот број на бездомници.

„Иако капацитетите се мали во однос на реалниот број на луѓе на улица, во центарот за бездомници во Момин Поток, покрај облека и храна, на овие луѓе им се нудат и лекови и засолниште„, додаде Драгана Лазаревска – Координатор на прифатилиштето за бездомници.

На температури под нулата, бездомниците кои не се пријавуваат на пунктовите се сместени во напуштени куќи, автобуски и железнички станици и под мостовите во Скопје./Алсат.мк
Авни Тахири

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button