Самоопределување: Нелегитимниот премиер му донесе многу штети на Косово од Вашингтон
Алсат
08.09.2020 13:02
Најголемата косовска опозициска партија, Движење самоопределување, на својата страница на Фејсбук, на премиерот Хоти му ги набројува точките од договорот потпишан со српската страна во Вашингтон, кои ги оценуваат како штетни.
– Нелегалниот и нелегитимен премиер рече дека оди во Вашингтон за меѓусебно признавање, но се врати со многу штети за Републиката. Значи, отидоа за признавање, а се согласија да не се залагаат за зачленување во меѓународни организации една година. Отидоа за признавање, а се согласија за поделба на езерото Газивода. Отидоа за признавање, а се согласија за реализација на идејата и целите на Србија за мини-Шенген. Отидоа за признавање, а се согласија да ѝ овозможат на Србија излез на Јадранското море. Отидоа за признавање, а донесоа штети, срамота и опасности“, се вели во реакцијата на партијата на доскорешниот премиер, Албин Курти.