МАКЕДОНИЈА
Саниран дефектот што предизвика прекин на водоснабдувањето на речиси половина Скопје

Дефектот на водоводната цевка на бул. „Кочо Рацин“, спроти Олимписки базен, е саниран и граѓаните од ноќеска добија вода, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје.
-Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, непрекинато работеа на отстранување на овој дефект и во рекордно време го отстранија истиот. Ваквите дефекти се навистина многу ретки, а кога ќе се случат, неминовно е еден поголем дел од граѓаните да имаат прекинато водоснабдување, изјави Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.
Како што посочи, во овој случај за отстранување на дефектот било потребно да се затвори цевка со дијаметар ф1400мм, поради што повеќе населби останаа без вода.