ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Санирани последиците од поплавата во Ист гејт мол

Санирани последиците од поплавата во Ист гејт мол

Водата која надојде од булеварот „Александар Македонски“ во гаражниот дел од Ист гејт мол е исцрпена. Целиот простор е саниран и се спроведени неопходните активности тој да биде функционален и безбеден, соопшти денеска прес-службата на овој трговски центар.

Advertisements

Оттаму наведуваат дека приземјето и повисоките катови од молот воопшто не беа засегнати од поплавата, а погодените нивоа од поплавата – минус два и минус еден во молот, се подготвени да ги пречекаат посетителите.

-Просторот се чисти, дезинфицира и се враќа во функција, и граѓаните може да бидат сигурни во својата безбедност. Отворите за канализација на булеварот „Александар Македонски“ се отпушени, а од страна на техничките служби во молот преземени дополнителни превентивни и безбедносни мерки за спречување на случаи од овој тип во иднина. Центарот е подготвен за своите посетители, а отворањето ќе биде објавено на социјалните мрежи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button