ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Санкции за ширење на дезинформации и за говор на омраза

Говорот на омраза кој поттикнува хистерија на етничка и верска основа треба да се санкционира со закон, изјави премиерот Димитар Ковачевски, цитирајќи неколку лица и групи кои објавуваа дезинформации поврзани со исчезнувањето на Вања. Според Ковачевски, истата група ширела говор на омраза и за време на пандемијата на Ковид, за време на финансиската криза и гласањето на европскиот предлог. Апелира овие, лица кои со злонамерни намери ги постирале постовите, да бидат кривично гонети и изведени пред лицето на правдата за да не провоцираат меѓуетнички и меѓуверски инциденти, во овој многу важен период за напредокот на државата.

Advertisements

Уште на предходната лидерска средба се зборуваше за иницијатива за законски измени преку кои ќе се стави ред во електронските медиуми, порталите и социјалните мрежи за заштита од лажни вести и клевета. Според надлежните, зад говорот на омраза стојат лични и странски интереси. Јавниот обвинител Гаврил Бубевски вчера изјави дека ќе се гонат случаите на поттикнување омраза на етничка основа.

Одредени поединци преку социјалните мрежи пишуваа статуси за поттикнување меѓуетничка омраза, а портали за кликови и злоупотребувајчи ја семејната трагедија на Вања, пишуваа дека била однесена во Косово.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button