МАКЕДОНИЈА
Санкционирани 192 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот при што само на територијата на град Скопје изречени се 192 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 109 санкции, 34 за возење под дејство на алкохол, 14 санкции за возење без возачка дозвола, три прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.
Од МВР соопштија дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.