ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Санкционирани 34 граѓани за небезбедно преминување на улица

Во периодот од 09.00 до 14.00 часот денеска е спроведена засилена акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците, информираа од МВР.

Advertisements

Притоа се санкционирани 34 пешаци од кои, 23 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, а девет за минување на црвено светло.

“Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано”, информираат од МВР и додаваат дека сите заеднички, со почитување направилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button