ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Санкционирани 70 возачи на територијата на Чаир, 22 без возачка

Санкционирани 70 возачи на територијата на Чаир, 22 без возачка

МВР соопшти дека во текот на вчерашниот ден од 16.00 до 20.00 часот при акциска контрола на територијата на општина Чаир во Скопје, санкционирани се 70 возачи од кои 22 за возење без возачка дозвола и осум кои биле без лекарско уверение при вршење на јавен превоз.

Advertisements

Изречени се и 10 мерки за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), како и седум санкции поради изминат важност на сообраќајната дозвола… На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведува МВР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button