ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Санкционирани 73 возачи за брзо возење на автопат Куманово – Скопје – Велес

Санкционирани 73 возачи за брзо возење на автопат Куманово – Скопје – Велес

“Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата вчера спроведе засилена акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 73 возачи”.

Advertisements

Од нив, како што соопшти МВР, четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

МВР информира дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button