СПОРТ

Сањол: Сакаме победа и против Македонија во Скопје

Репрезентацијата на Грузија ја декласира Бугарија на гости со 2-5 и сега има одлична позиција во групата. Претходно, Грузијците го совладаа и Гибралтар со 4-0 и еуфорично доаѓаат во Скопје на дуел со Македонија на 9 јуни.

Селекторот Вили Сањол најавува дека Грузија ќе атакува на победа и на следниот меч.

“Ова е одличен резултат за нас. Тоа ни ја зголемува самодовербата пред наредните натпревари. Ефикасноста беше на завидно ниво, одигравме еден квалитетен меч, но сега тоа мораме да го заборавиме и да се фокисираме на следниот предизвик. Би сакал и таму да победиме, тоа би била веќе голема позитивна серија. Но, прво да се одмориме и добро да се подготвиме”, изјави Вили Сањол.

Како што стојат работите, Македонија ќе мора да слави триумф над Грузија во Скопје доколку сака да биде конкурентна за првото место во групата.

Извор: макфудбал

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button