ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Обвинителот Сарафов кажа од што починале настраданите во автобусот

Обдукциите се завршени и сите покажуваат дека загинатите починале како последица на задушување од пожарот, а не од повреди здобиени од ударот, ниту од експлозија, соопшти на денешната прес конференција заменик главниот обвинител на Бугарија, Борислав Сарафов.

„Во нивните бели дробови се утврдени траги од дим, што значи дека биле живи во моментот на пожарот“, рече Сарафов.

Како што кажа тој, досега се испитани двајца сведоци, патници во автобусот коишто биле будни во момент на инцидентот.

„И двајцата даваат објективни информации, испрашани независно еден од друг, изјавите им се совпаѓаат и ги земаме за апсолутно веродостојни“, рече, додавајќи дека во моментот трае разговор со уште двајца од хоспитализираните пациенти.

Несреќата се случи во вторникот на автопатот „Струма“ кога автобус на превозникот „Беса транс“ враќајќи се од Истанбул се запали. Во тек е истрагата на истражните органи и идентификација на жртвите која се очекува да заврши за седум дена.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button